23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква: Нови санкции за ЕУ

Москва: Нови санкции за ЕУ

rusija-moskva-russs

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукајев најави денес дека Русија ќе воведе нови санкции за земјите од Европската унија во знак на одмазда за продолжувањето на европските санкции кон Москва на уште шест месеци.

Министерот Уљукајев наведе дека „Москва најверојатно ќе го прошири ембаргото на храната“.

Владите на државите членки на ЕУ во текот на вчерашниот ден се договорија да ги продолжат економските санкции за Русија до 31. јануари наредната година, а Москва веднаш најави дека ќе одговори на таквата одлука на ЕУ, пренесува Ројтерс.

По одлуката за продолжување на санкциите за уште шест месеци која ја донесоа амбасадорите на 28 земји членки на ЕУ во Брисел, се огласи портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков кој порача дека Русија ќе одговори по принципот реципроцитет.

„Што се однесува до санкциите, Русија повеќе пати нагласи дека се залага за принципот реципроцитет и ниту еден чекор во санкциите нема да остане без соодветен одговор“, изјави Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП