24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на тримесечниот приход на Adobe за 8,8 проценти

Раст на тримесечниот приход на Adobe за 8,8 проценти

Picture illustration shows Adobe company logos, in Vienna

Американската компанија „Adobe“, позната по своите софтвери „Acrobat“ и „Photoshop“, оствари во вториот квартал од својата фискална година завршена на 29 мај, раст на приходите од 8,8 проценти, на 1,16 милијарди долари, благодарение на успехот на софтверските платформи „creative cloud“ и „document cloud“.

Нето профитот во вториот квартал се зголемил на 147,5 милиони долари, што е 29 центи по акција, додека една година претходно изнесувал 88,5 милиони долари (17 центри по акција), пренесува Ројтерс.

Американската компанија превидува во третиот квартал од фискалната година профит меѓу 45 и 51 центи по акција и приходи од 1,18 до 1,23 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП