17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНесигурност на Волстрит по пораките на Фед

Несигурност на Волстрит по пораките на Фед

New York City - Helicopter tour

Цените на акциите на Волстрит благо пораснаа во средата втор ден по ред, но тргувањето беше несигурно откако Фед порача дека економијата веројатно е доволно силна за да го издржи зголемувањето на каматите.

Dow Jones зајакна 31 поен, или 0,17 отсто, на 17.935 поени, додека S&P 500 порасна за 0,20 отсто, на 2.100 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,18 отсто, на 5.064 поени.

По дводневната седница, вчера челниците на американската централна банка порачаа дека најголемата светска економија умерено расте и дека е веројатно доволно силна за да го издржи зголемувањето на клучните каматнис тапки до крајот на годината.

По падот на БДП-то во првиот квартал, Фед ја намали проценката за раст на американската економија за оваа година на 1,8 до 2 отсто, додека претходно прогнозираше раст од 2,3 до 2,7 отсто.

На конференцијата за медиуми претседателката на Фед Џенет Јелен рече дека одлуката за каматите ќе зависи од натамошните економски показатели и дека сака појасна потврда дека пазарот на труд закрепнува и дека платите ќе растат со побрзо темпо.

Фед проценува дека до крајот на годината стапката на невработеност во САД ќе изнесува меѓу 5,2 и 5,3 отсто.

Повеќето функционери на Фед проценуваат дека каматите ќе бидат зголемени до крајот на годината, но ги намалија проценките за темпото на раст на каматите во наредние две години.

„Фед говори за делумно стегање на пазарот на труд, што би можело да биде сигнал за зголемување на каматите чекор поблиску. Од друга страна, нешто се намалени очекувањата за темпото на раст на каматите. Овие две работи предизвикаа движење на цените на кциите малку горе, малку долу“, вели Ник Каливас, стратег во компанијата PowerShares.

Сепак, се чини дека на берзата преовладеа ставот дека каматите нема да бидат зголемени во септември, туку во октомври или во декември, поради што приносите на американските обврзници, кои минатата недела достигнаа највисоко ниво за осум месеци се намалија. Поради тоа падна и курсот на доларот.

На берзите владее внимателност и поради можниот банкрот на Грција бидејќи нема никаков напредок во преговорите помеѓу Атина и нејзините кредитори за решавање на должничките проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП