15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаеми од ИФЦ и НЛБ за зајакнување на македонскиот банкарски сектор и...

Заеми од ИФЦ и НЛБ за зајакнување на македонскиот банкарски сектор и поттикнување на економијата

nlb tut2

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на групацијата на Светска банка, обезбеди заем во износ од 10 милиони евра за НЛБ Тутунска банка, третата најголема банка во Македонија, со цел да го поттикне нејзиниот развој и да го зацврсне банкарскиот сектор во државата.

Покрај ова, НЛБ Љубљана, стратешки партнер на НЛБ Тутунска банка, обезбеди дополнителен заем во износ од 11 милиони евра.

Субординираните заеми се квалификуваат како дополнителен капитал и се дел од стратегијата на ИФЦ да ги поддржи поголемите банки во регионот. Исто така, заемот ја истакнува посветеноста на ИФЦ и НЛБ за поттикнување економскиот развој во Западен Балкан.

„Трансакцијата само го зајакнува нашето стратешко партнерство со ИФЦ,“ изјави Ѓорѓи Јанчевски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка. „Новите заеми ќе ја поддржат нашата капитална позиција и ќе ни овозможат проширување на услугите“.

Арчибалд Кремсер, Член на Управниот одбор и Главен директор за финансии на НЛБ Групацијата изјави: „Овие трансакции ја потврдуваат довербата во НЛБ Тутунска банка и го обезбедуваат понатамошниот напредок на Банката. Вклучувањето на ИФЦ ја истакнува способноста на Банката да обезбеди средства на меѓународни пазари на капитал и да воведе високи стандарди на корпоративно управување при финансирањето на нашата македонска банка“.

Во 2010 година ИФЦ обезбеди заем во износ од 25 милиони евра за НЛБ Тутунска банка, со што и овозможи на Банката да понуди кредити за мали и средни претпријатија. ИФЦ исто така обезбеди и кредитна линија за документарно работење во износ од 3 милиони евра за поддршка на клиентите на Банката, мали и средни увозници и извозници.

„Соработуваме со НЛБ Тутунска банка за да го зајакнеме банкарскиот систем во Република Македонија и за да се осигураме дека финансиите ќе стигнат до претпријатијата и луѓето на кои им се потребни,“ изјави Томас Лубек, регионален менаџер на ИФЦ за Западен Балкан. „Заемот од ИФЦ само го поддржува понатамошниот развој на Банката“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП