21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

patista vlazni 24040

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози, соопшти во четвртокот изутрината АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП