11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFed: Грчкиот случај може да ја наруши светската економија

Fed: Грчкиот случај може да ја наруши светската економија

Jelen

Американската и светската економија би можеле да доживеат нарушувања, доколку Грција и нејзините доверители не постигнат договор, предупреди претседателката на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џенет Јелен.

„Доколку не биде постигнат договор, предвидувам можни нарушувања кои би можеле да ги зафатат европските економии и светските финансиски пазари“, оцени Јелен на прес-конференцијата по дводневната седница на гувернерите на Fed.

Веќе подолг период Грција и нејзините доверители, ММФ, ЕЦБ и ЕК не успеваат да постигнат договор за реформите кои би овозможиле деблокирање на траншата од актуелниот заем од 7,2 милијарди евра, кои се неопходни земјата да го избегне банкротот и евентуално излегување од еврозоната.

„Тоа е многу сложена ситуација“, коментираше Јелен и истакна дека е загрижена и од влијанието на тој неуспех врз американската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП