6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис не верува во договор со Еврогрупата

Варуфакис не верува во договор со Еврогрупата

varoufakis-eurogroup-feb-20-2015

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави во Париз во средата навечер дека не верува дека ќе биде постигнат договор за долгот на неговата земја по средбата на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата) во четвртокот во Лускембург.

На прашањето кое ми беше оставено во Париз по средбата со Анхел Гуриа, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за можноста да биде постигнат договор меѓу Атина и нејзините доверители, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакси одговори дека „не верува“ и додаде дека „сега политичките челници мора да постигнат договор“.

Грција до 30-ти јуни мора да врати 1,6 милијарди евра долг по четирите месечни рати од кредитот од Меѓународниот монетарен фонд, и дополнителни 6,7 милијарди евра треба да ѝ врати на Европската централна банка во јули и август, и нема да има доволно пари да ги запази таквите рокови, доколку не воведе нови кастрења, во прв ред на платите и пензиите.

Атина смета на исплатата на траншата од 7,2 милијарди евра запрена ланскиот август од сегашниот втор пакет странска финансиска помош, од вкупната помош од 240 милијарди евра. Меѓутоа, нејзините доверители ја условуваат исплатата на оваа сума со програма на реформи за кој двете страни досега не успеаја да се договорат.

Оваа влада е избрана за да го брани грчкиот народ со многу амбициозната програма на реформи“, објасни Варуфакис и додаде дека се надева оти „институциите ќе ја земат предвид таа програма на реформи“.

Договорот кој би можел да биде постигнат на специјалниот европски самит во недела во Брисел, траба да го потврдат парламентите на земјите, меѓу кои и германскиот кој инаку е голем критичар на однесувањето на грчката влада, пред 30-теи јуни.

Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, оцени во седата дека неуспехот на преговорите со Атина, што може да доведе до банкрот на Грција и нејзино излегување од еврозоната, па дури и од Европската унија, би бил тежок за Грција, но и за европскиот проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП