7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРенци вели дека ЕУ е ‘невозможна’ без Британија

Ренци вели дека ЕУ е ‘невозможна’ без Британија

renci-kameron

Европската унија не би била возможна без Велика Британија, изјави во средата италијанскиот премиер Матео Ренци, по разговорот со британскиот колега Дејвид Камерон за неговите планови да ги измени британските односи со Европската унија пред референдумот за можното излегување на Обединетото Кралство од членството на ЕУ.

„Најважно ни е дека Велика Британија може да продолжи да функционира во рамките на Европската унија, бидејќи Унијата без Обединетото Кралство е невозможна“, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон во Милано.

Камерон, кој пред мајските парламентарни избори се обврза да одржи референдум за членството во ЕУ до крајот на 2017 година, изјавил дека тој и Ренци имаат „воедначени погледи“ на прашањата како што е јакнењето на економската конкурентност во ЕУ.

„Во сите области кои ќе ги допреме тие сакаат да соработуваат со нас, за да изнајдеме решенија“, изјави по средбата портпаролот на Камерон за Reuters.

Британскиот премиер, инаку, подетално треба да ги изложи своите реформски планови на самитот на ЕУ во следната седмица во Брисел, а се надева дека пред тоа ќе успее да го заврши воведните разговори со челниците на најважните земји членки на Унијата.

Камерон во средата од Милано замина во Луксембург каде што разговараше со премиерот Ксавиер Бетел, а во четврток за своите планови ќе разговара со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и ирскиот премиер Енда Кени.

Ирска во средата објави дека започнала изработка на кризниот план во случај на излегување на Велика Британија од ЕУ. „Доколку постои можноста нашиот најголем трговски партнер излезе од Европската унија, би било неодговорно од наша страна, ако не се занимаваме со тоа“, изјави за BBC ирскиот министер за европски работи Дара Марфи.

Камерон во четврток својата европска турнеја ќе ја продолжи Словенија, каде што ќе разговара со премиерот Мор Церар, а потоа во петок во Братислава ќе се сретне со словачкиот и чешки колега Роберт Фицо и Бохуслава Соботка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП