14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Не на кредиторите, ако нема чесен компромис

Ципрас: Не на кредиторите, ако нема чесен компромис

cipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави во средата дека неговата влада максимално излегла во пресет на барањата на кредиторите околу реформите на пензискиот систем и зголемување на даноците, нагласувајќи дека Атина нема да се двоуми да каже „не“ на договорот кој не би претставувал „чесен компромис“.

„Доколку немаме чесен компромис и економски одржливо решение, ќе преземеме одговорност да кажеме „не“ за спроведување на една катастрофална политика“, рече Ципрас, по разговорот со австрискиот канцелар Вернер Фајман.

Во секој случај, Ципрас ја отфрли можноста за одржување на референдум, наведувајќи дека владата и тој лично ќе донесат тешка одлука дали да го прифатат договорот или да кажат „големо не“ на подолжување на катастрофалната политика.

„Постои еден избор-решение кое е економски одржливо и кое може да биде прифатено од оштеството и од парламентот“, истакна Ципрас.

Фајман, на заедничката конференција со Ципрас, рече дека ќе покрене иницијаива да виде посредник помеѓу грчката влада и меѓународните институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП