24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Image (90)

Владите на државите членките на Европската унија се согласија во средата да ги продолжат санкциите кон Русија поради нејзините дејствија во Украина за шест месеци, поточно до 31 јануари следната година, соопштија дипломатски извори.

Продолжувањето на санцкиите за дополнителни шест месеци беше усогласено на состанокот во Брисел од страна на амбасадорите на 28-те членки на ЕУ.

Се очекува дека ратификувањето на оваа одлука на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник во Луксембург ќе биде само формалност, пренесе агенцијата Ројтерс.

Рускиот министер за финансии Антон Сулианов рече дека Москва во економски планови веќе ја зела в предвид можноста од продолжување на санкциите.

Европскиот парламент минатата недела изгласа резолуција во која се бара Рсија да ги продолжи санкциите поради мешањето во судирите во Украина и повика на единство во спротивставувањето на политиката на Москва.

„Што се однесува до санцкиите. Русија во повеќе наврати нагласи дека се залага за принцип на взаемност и ниту еден чекор во санкциите нема да остане без одговор“, рече Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП