18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилната побарувачка во САД ја крена цената на нафтата

Силната побарувачка во САД ја крена цената на нафтата

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на нафтата порасна во средата на светските берзи, поттикната од повторниот пад на залихите во САД, кој сигнализира силна побарувачка во најголемиот светски потрошувач на енергенти.

Барел сирова нафта на лондонската берза поскапе за 99 центи во однос на претходното затворање, на 64,69 долари, додека на американската берза се тргуваше по 60,80 долари, што значи дека цената на барелот пораснала за 83 центи во однос на завршување на претходниот трговски ден.

Залихите на сировата нафта во САД се намалиле минатата недела поради намаленото производство во локалните рафинерии, а паднаа и залихите на бензинот, додека на дестилатите се зголемени, покажа во вторникот извештајот на Американскиот институт за нафта (API).

Пазарот сега ќе бара потврда за ваквиот тренд во денешниот извештај на американската влада за залихите. Аналитичарите очекуваат дека извештајот ќе покаже пад на залихите на сирова нафта во минатаа недела за 1,7 милиони барели, додека залихите на бензин би требало да се намалат за 300 илјади барели.

Во последно време цената на американскиот пазар се приближи до цената на лондонскиот на само три долари разлика, благодарение на силната побарувачка за горива во САД, заканата од тропска олуја во оваа недела, неодамнешните пожари во Канада кои го прекинаа производството на нафта и континуираното намалување на залихите“, толкува Reuters.

Дополнителна поддршка на цената и пружија очекувањата за скорешен пад на американското производство на нафта поради релативно високите трошоци на производство од шкрилци.

И покрај силната побарувачка во САД и Азија, цената на нафтата оваа година се задржа под 65 долари за барел. За споредба, во ова време минатата година цената на барелот на лоноднската берза надмина 115 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП