6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАNew Europe: Излегувањето на Грција од еврозоната ќе значи и излегување од...

New Europe: Излегувањето на Грција од еврозоната ќе значи и излегување од ЕУ

grc ger

Доколку Грција не постигне договор со своите кредитори тоа најпрво ќе значи излегување на земјата од еврозоната, а најверојатно и од Европската унија (ЕУ), се вели во извештајот на грчката централна банка, пишува порталот New Europe.

Како што стои во извештајот на грчката централна банка, постигнувањето на договор е од најголемо значење за да се спречат ризиците по економијата, да се намали несигурноста и да се обезбеди одржлив економски раст.

Атина мора да плати 1,6 милијарди евра до крајот на овој месец за да го задржи своето место помеѓу 19-те земји во еврозоната, додава New Europe. На Грција и треба нова финансиска помош од кредиторите за да успее до крајот на месецов да го отплати својот долг.

Договор се уште нема на повидок, бидејќи и двете страни не сакаат да постигнат компромис во однос на тоа кои реформи треба Грција да ги направи, во замена за нови заеми.

Технички, една земја не може да го напушти еврото, односно ова се „непознати води“, пишува New Europe. Договорите на ЕУ правно и овозможуваат на земјите да ја напуштат 28-члената Унија, но нема и механизам во случај доколку земјите сакаат да го напуштат еврото. Според ова, доколку сите 19 земји се согласат деак време е Грција да си замине, тогаш за излезот на земјата би можело да се преговара, а некои сметаат дека земјата би морала да ја напушти и ЕУ за да ја напушти валутата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП