6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема опасност од поплави

Нема опасност од поплави

Image (88)

Координативното тело за справување со кризи континуирано ја следи хидролошката состојба во Македонија и засега, според најавите на УХРМ, нема опасност од поголем интензитет на дождови.

Веќе од утре се очекува стабилизирање на времето во сите региони, освен во делови каде се очекува да има дождови со мал интензитет.

Коорднативното тело во координација со сите надлежни институции и единиците на локалната самоуправа ЕЛС будно ја следат состојбата со цел навремено преземање на соодветни превентивни мерки.

За таа цел, во среда, ќе се оддржи и состанок на Координативното тело за справување со кризи на кој ќе се разгледа моменталната состојба и ќе се утврдат следните чекори на дејствување, информира Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП