3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, еврото стабилно, нафтата во благ раст

Азиските берзи пораснаа, еврото стабилно, нафтата во благ раст

berza azija

Азиските инвеститори беа охрабрени од растот од вторникот на цените на акциите на Волстрит, по двата дена пад, благодарејќи најмногу на вестите за преземања, но се тргува претпазливо бидејќи вложувачите ставуваат од последиците до можниот банкрот на Грција, додека еврото во таквите услови е стабилно.

На азиските берзи во претпладневното тргување цените на акциите пораснаа, следејќи го подемот на Волстрит, но се тргува претпазливо поради започнатата седница на американската централна банка (Federal Reserve – Fed), чијашто челничка Џенет Јелен подоцна ќе ги соопшти заклучоците, како и поради грчката должничка криза.

На токиската берза индексот Nikkei претпладнето беше во минус 0,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај потонаа за повеќе од 1 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореја, Хонгконг, Австралија и Сингапур пораснаа, пак, меѓу 0,1 и 1,1 отсто, па MSCI индексот на азиско-пацифичките берзи, без јапонските, во утринското тргување падна за 0,4 отсто, откако во вторникот потона на најниското ниво во последните три месеца.

Азиските инвеститори беа охрабрени од растот на цените на акциите во вторникот на Волстрит, по дводневниот пад, благодарејќи на вестите за преземања на компаниите. Меѓутоа, стравуваат од последиците од можното банкротирање на Грција и нејзиното излегување од еврозоната, откако ниту изминатиот викенд нејзината влада не успеа да постигне договор со доверителите, а остануваат уште нецели две седмици кога на ММФ мора да му врати вкупно 1,6 милијарди евра од четирите јунски рати по кредитот.

„Ќе се разочараат оние коишто очекуваат конкретна порака дека во септември Fed ќе ги зголеми каматите.“, вели Том Порчели, економист во компанијата „RBC Capital Markets“. Јелен, според него, веројатно ќе повтори дека зголемувањето на каматите зависи од економските показатели и дека е тоа е можно на секоја наредна седница на челниците на Fed.

Поради седницата на челниците на Fed и грчката должничка криза, и на валутните пазари владее претпазливост. Во средата претпладнето курсот на еврото се движеше околу 1,1260 долари, додека во вторникот во истиот период изнесуваше 1,1280 долари. Во однос на јапонската валута, пак, американскиот долар се движи стабилно околу 123,50 јени во однос на вчерашните од 123,60 јени.

И на нафтените пазари во средата претпладне владее внимателноста, додека се чекаат податоците за резервите во САД. На американските пазари цената на барел сирова нафта се зголеми за 10-ина центи, на 60,10 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поскапе за 5 центи, на 63,80 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП