5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрни прогнози за буџетот на САД

Црни прогнози за буџетот на САД

amerika-sad-amerika-amam

Уделот на буџетскиот дефицит во бруто домашниот производ во САД и повеќе од двојно ќе се зголеми до 2040 година ако актуелните закони за потрошувачкатa и даноците останат на сила.

Буџетскиот дефицит на САД според проекциите на CBO ќе достигне 5,9 проценти од БДП до 2040 година во споредба со прогнозираните 2,7 проценти оваа година и 3,8 проценти очекувани во 2025 година, јавува Ројтерс.

Британската агенција потсетува дека во врвот на финансиската криза во 2009 година, буџетскиот дефицит на САД достигна скоро 10 проценти од БДП.

Кога станува збор за јавниот долг, тој до 2040 година ќе достигне 103 проценти од БДП, што е значителен пораст во однос на актуелните 74 проценти, но благо под минатогодишните прогнози на CBO од 106 проценти за 2039 година.

„Пред се поради стареењето на популацијата и растечките трошоци за здравствената заштита, проширените основни вредности на проекциите укажаа дека приходите значително заостануваат зад потрошувачката на долг рок, од што ќе произлезе значителен дисбаланс во федералниот буџет“, се наведува во извештајот на CBO.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП