6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да одговорите на прашањето кои се вашите предности и недостатоци?

Како да одговорите на прашањето кои се вашите предности и недостатоци?

Y

Едно од најчестите прашања на разговорот за работа е тоа за вашите предности и недостатоци. Едноставно прашање, а не знаете каков одговор да дадете?

Многу кандидати запаѓаат во замка, па даваат одовор: “Моја силна страна е тоа што сум вреден работник, а маана ми е тоа што ги вознемирувам другите да си ја завршат својата работа”. Таквиот одговор е прозаичен.
Па, како да одговорите на прашањето за вашите предности и недостатоци?

Проценете ги вашите предности

Проценете ги вашите вештини и ќе ги идентификувате вашите јаки страни. Тоа секако треба да го направите пред почетокот на интервјуто. Направете листа на своите вештини и поделете ги на три категории.

Вештини кои се засноваат на знаење: Стекнатото образование и искуство (на пример, јазици, технички вештини и слично).

Преносливи вештини: Вештини кои ги носите со себе од работа на работа (на пример, комуникациски вештини, аналитичко решавање на проблеми и планирање).

Лични карактеристики: Ваши единствени квалитети (на пример, одговорност, флексибилност, точност, способност да се биде тимски играч).

Кога ќе ја завршите листата, изберете од три до пет вештини кои ги поседувате и кои се складни со барањата од огласот за работа. Поткрепете ги вашите јаки страни со пример.

Проценете ги вашите недостатоци

Ова е прашање од кое сите стравуваат. Најдобар начин да одговорите на ова прашање да ги намалите негативните, а да ги нагласите позитивните страни. Одберете некоја карактеристика која е негативна, но можете најлесно да ја пребродите.

Запомнете!

Работодавецот секогаш бара некој кој ќе може да се вклопи во тимот и на база на тоа прашање создава слика за вас. Во интервјуто, секогаш нагласете дека работите на поправање на вашите недостатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП