19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит преземањата ги поттикнаа цените на акциите

На Волстрит преземањата ги поттикнаа цените на акциите

Wall-Street000

На Волстрит во вторникот цените на акциите пораснаа по два дена пад, благодарејќи на низата вести за преземања, но се тргуваше претпазливо поради ризикот од банкрот на Грција и зголемувањето на каматите во САД.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,64 отсто, на 17.904 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,57 отсто, 2.096 поени, а Nasdaq индексот за 0,51 отсто, на 5.055 индексни поени.

По два дена пад, во вторникот берзанските индекси пораснаа благодарејќи на вестите за преземања. Цента на „Coty“ скокна за повеќе од 19 отсто, по веста дека оваа козметичка компанија за 12 милијарди долари има намера да преземе дел од работењето на „Procter & Gamble“, кое ги содржи брендовите како што се „Gucci“ и „Hugo Boss“. Силно, за повеќе од 10 отсто, скокна и цената на акцијата на NCR, по веста дека „Blackstone“ и „Carlyle“ заедно ќе поднесат понуда за преземање во износ од повеќе од 10 милијарди долари.

„Бидејќи наскоро ќе бидат зголемени каматите во САД, очекуваме уште преземања и спојувања. Ова е добро време за аквизиции, бидејќи сé уште може да се финансираат со евтини пари“, вели во анкетата на Reuters Брајан Џејкобсон, стратег во фондот „Wells Fargo Funds Management“.

Сепак, се тргуваше претпазливо, бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од можниот банкрот на Грција, откако во неделата пропадна уште еден обид за договор на Атина со доверителите за решавање на должничките проблеми. Грчката влада не се согласува да ги спроведе реформите коишто ги бара еврозоната за да ѝ ја одобри следната помош од меѓународниот пакет. До 30-ти јуни Грција треба да исплати 1,6 милијарди долг по кредитот кон ММФ, а Атина нема пари за сервисирање на оваа обврска. Тоа значи дека, доколку во меѓувреме нешто не се промени, за две седмици Грција може да банкротира и да излезе од еврозоната.

„Пазарот во цените на акциите ја вградува можноста од излекувањето на Грција од еврозоната“, вели Арт Хоган, стратег во компанијата „Wunderlich Securities“.

Вложувачите се претпазливи и поради тоа што започна дводневната седница на челниците на американската централна банка (Federal Reserve – Fed), по којашто во средата претседателката Џенет Јелен ќе одржи прес-конференција. Никој не очекува дека Fed уште отсега ќе ги зголеми каматните стапки, но првото заострување на монетарната политика по осум години полека се приближува. Многу аналитичари сметаат дека Fed ќе ги зголеми каматите во септември, а тоа би го прекинал дотокот на евтини пари на пазарот на акции, кои со години го поддржуваше растот на цените на акциите.

На внимателноста на инвеститорите укажува и слабиот обем на тргување. Така, во вторникот на американските берзи сопствениците ги сменија 5,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во јуни изнесува 6 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП