1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАHandelsblatt: Можно е грчкото сценарио да се повтори во Хрватска

Handelsblatt: Можно е грчкото сценарио да се повтори во Хрватска

dubrovnik 333

Германскиот весник Handelsblatt објави текст во кој пишува за можноста грчкото сценарио да се повтори и во Хрватска, пренесува Tportal.

Одговорот на прашањето дали Хрватска е новата Грција, тврдат од весникот, може да го даде фамозниот шеф на минхенскиот Ifo институт и еден од авторите на економската програма на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Ханс-Вернер Син.

Во текстот се наведува дека во наредните неколку недели, ХДЗ ќе ја претстави економската програма и планот за реформи, испишана на повеќе од 500 страници.

Препораките на Вернер Син вклучуваат намалување на данокот, укинување на бирократијата и неизбежното зголемување на рокот за заминување во пензија.

„ХДЗ со оваа програма може да заработи бодови во предизборната камапања“, пишува Handelsblatt, наведувајќи дека на Хрватска итно ѝ се потребни реформи.

„Ниедна земја во регионот не стои така слабо како Хрватска. Веќе се говори за нова Грција“, пишува во текстот на германскиот весник, укажувајќи на превисоките плати и прераното заминување во пензија.

Германскиот претприемач Клаус Дитер Мартин за весникот изјавил дека веќе 15 години се обидува да добие дозвола за летови со хидроавиони, со кои би се поврзале островите, а сега за ова прашање се бори и со градоначалникот на Пула, Борис Милетиќ.

„Не ги интересираат вложувањата. Нам ни забрануваат изградба на пристаниште за овие авиони, бидејќи велат дека морат да ги заштитат рибарите чии бродови се закотвени таму. Ми се чини дека ни најпаметните предлози на господинот Син не би успеале против една таква тврдоглавост“, рекол Мартин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП