18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на 71-то место на листата на Глобалниот мировен индекс

Македонија на 71-то место на листата на Глобалниот мировен индекс

Image (87)

Македонија е на 71-то место меѓу земјите од светот според Глобалниот мировен индекс за 2015 година, којшто секоја година го составува Институтот за економија и мир со седиште во Австралија и САД.

Од земјите во регионот, Македонија е при дното. Пред неа се и Косово и Босна и Херцеговина и Албанија. Косово е на 69 место, Албанија, на 52 место, Босна и Херцеговина на 53 место, Србија е на 46 место, Хрватска на 27, Бугарија на 32 место, Грција е на 61 место, Црна Гора на 57 место, а Словенија на 15 место.

Мирот се оценува во 162 земји во светот врз основа на 23 индикатори меѓу кои, граѓански немири, криминал и воени трошоци, до вмешаност во воени судири и односите со соседите.

Европа го задржа приматот на најмирен регион, 15 од 20 водечки земји според индексот на мир се од овој континент.

Трите најмирни земји во светот се Исланд, Данска и Австралија. Потоа следуваат Нов Зеланд, Швајцарија, Финска, Канада, Австралија, Јапонија, а на десетто место е Чешка.

Сирија е сé уште на дното на листата, а пред неа се Ирак и Авганистан. Соединетите американски држави се на 94-то место, Кина на 124, а Русија на 152 место.

Во анализата се наведува дека постојат сé поголеми разлики во индексот на мир меѓу богатите европски земјки и сиромашните земји во Африка и на Блискиот исток, во коишто има граѓански војни и постојана бегалска криза, што доведува се поголеми поделби во светот по тој критериум.

„Интензитетот на вооружени судири дрматично е зголемен. Бројот на убиени во судирите на глобално ниво порасна за 3,5 пати, од 49 илјади во 2010 на 180 илјади минатата година“ се наведува во извештајот и се доадоава дека судирите изнесуваат 13 отсто од глобалниот БДП.

„Минатата година ја обележаа два спротивни тренда, од една страна многу земји од Организацијата за економска соработка и развој оствариле историско ниво на мирот, додека други земји, посебно на Блискиот исотк, стнаа многу насилни“, се вели во извештајот.

Џихадизмот е главна причина за големиот пораст на бројот на убиени во вооружените судири минатата година, само во Сирија убиени се 70 илјади луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП