18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е новиот интересен пазар според Бафет?

Кој е новиот интересен пазар според Бафет?

voren bu23

Австралискиот пазар конечно може да најде причина да престане со падот кој го бележи во последните месеци, а тоа го привлекол интересот на Ворен Бафет. Ниските финансиски проценки на австралиските компании се главна причина за тоа.

Пред финансиското издание „Fairfax Media“, Бафет изјави дека има намера да инвестира над 2 милијарди долари во австралиски компании. Фондот на Бафет, „Berkshire Hathaway“ веќе најави инвестиција во вредност од 288 милиони долари во осигурителната компанија „IAG“.

„Ако погледнете во последните две или три години, ќе најдете дека веќе имаме инвестиции во четири или пет австралиски компании“, коментира Бафет во ексклузивното интервју, додавајќи дека 2 милијарди долари ќе дојдат од инвестициите во „IAG“, кои се веќе направени.

„Има пари за земање од австралиските компании во следните 10, 20, 30 години. Ако купиме нешто дефинитивно ќе се чувствуваме удобно да ги држиме во паричник долго време“, додава Бафет.

Коментарите на Бафет доаѓаат во момент кога австралискиот индекс „S&P ASX 200“ почнува да се опоравува по тримесечно намалување, што го прави неверојатно привлечен за инвестиции, според американската инвестициска банка „Goldman Sachs“.

„Проценката на пазарот е најниска во последната деценија“, според стратегот на „GS“, Метју Рос.

Според него австралиските акции се до 10% потценети во споредба со останатите индекси на развиените пазари, како САД, Европа и Јапонија.

„При сооднос цена-добивка од 15.8, австралискиот главен индекс се тргува со намалување од 9% во однос на индексот „MSCI World“ – што е далеку над премијата од 1% за изминатата деценија“, додава Рос.

Падот кај цените на акциите во голема мера е виновен за слабите резултати на австралискиот индекс. Слабиот профит во услови на построги капитални барања во голема мера придонесуваат за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП