20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешно имплементиран проектот за искористување на обновливи извори на енергија"КОН ИДНИНАТА"

Успешно имплементиран проектот за искористување на обновливи извори на енергија”КОН ИДНИНАТА”

op

Со завршна конференција во Струмица, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион успешно го имплементираше проектот „КОН ИДНИНАТА“ – Студија за потенцијалот и искористување на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион, финансиран преку Третиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. Партнер на Центарот од Бугарска страна е Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград.

Проектот “Кон иднината” се реализираше во изминатите 18 месеци и Општата  цел  на  проектот  е  да  се  подобри  квалитетот  на  живот  на  жителите во прекуграничниот регион преку зголемување на енергетската ефикасност и искористување на еко ресурсите, додека специфични цели на проектот беа, зголемување на свесноста за обновливите извори на енергија преку имплементација на кампања на двете страни од границата; запознавање на вработните од локалите самоуправи, приватните и јавни претпријатија од прекуграничниот регион со можностите кои ги нудат изворите на обновлива енергија и начините за нивно искористување; одредување на капацитетите за обновливи извори на енергија преку подготовка и објавување на Студија; можности за искористување на обновливите извори  на енергија преку објавената Студија, преку планираните тркалезни маси и работилници. Активности кои беа предвидени и се реализираа во рамките на проектот се:

  • Истражување на терен, секундарно истражување и сумирање на податоците за обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион;
  • Објавување на „Студија за потенцијалот и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион“;
  • Имплементирање на работилници и тркалезни маси во двата региони со цел да се разгледаат и анализираат најчестите бариери во однос на обновливите извори на енергија и да се презентира Студијата;
  • Имплементирање на кампања за зголемување на свесноста, знаењето и позитивниот став кон искористување на алтернативните обновливи извори на енергија;
  • Информирање и публицитет вклучувајќи прес конференции, објави во весник, објави на радио, промотивни материјали, промотивно видео и др.

 

Проектот „Кон Иднината“-Студија за потенцијалот и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион е проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како проектен лидер заедно со Асоцијацијата на Југозападни општини како проектен партнер го имплементираат во рамките на ЕУ ИПА Прекуграничната програма помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, а е финансиран од Европската унија со вкупен буџет од 147.403 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП