11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради долгови Albafone престана да работи

Поради долгови Albafone престана да работи

albafone-main

Четвртиот по големина македонски мобилен оператор „Albafone“, кој работеше со префиксот „073“ и кој беше исклучиво насочен кон албанското население, поради долгови престана со работа.

Телекомот „Albafone“ постои веќе две години и за тоа време успеа да собере само 16.000 корисници.

Функционираше како виртуелен мобилен оператор, а ја користеше мрежата на „One“, операторот кој му ја откажа натамошната услуга поради тоа што „Albafone“ немаше дадено ниту една прифатлива понуда за подмирување на долговите.

На сите свои корисници „Albafone“ вчера им испрати порака во која се наведува дека компанијата ќе престане со работа и дека корисниците ќе треба да преминат на друга мрежа.

Во Агенцијата за електронска комуникација (AEK) велат дека сите корисници на „Albafone“ биле претплатени според припејд системот и порачаа дека ќе превземат соодветни чекори доколку некој од досегашните корисници на „Albafone“ побара штета поради гасењето на мрежата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП