4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија шампион во вработување

Унгарија шампион во вработување

4341237925580010703d7e322890276_w640

Бројот на вработени во 19-те земји членки на еврозоната порасна во првиот квартал за 0,1 проценти, а во 28-те земји членки на Европската унија за 0,3 проценти во однос на претходните три месеци.

Како што покажаа податоците на Европскиот завод за статистика, Еуростат, според сезонски прилагодените податоци, во последниот минатогодишен квартал, вработеноста во земјите од монетарната унија пораснала исто така за 0,1 проценти, а на ниво на ЕУ за 0,2 проценти.

На годишно ниво, вработеноста во еврозоната пораснала за 0,8 проценти, а во ЕУ за 1,1 проценти, по растот од 0,9 проценти, односно 1,1 проценти од претходниот квартал.

Еуростат проценува дека во првиот квартал во ЕУ биле вработени 228,1 милиони луѓе, од кои 150,3 милиони во еврозоната.

Меѓу земјите за кои се достапни податоци, најголем раст на вработеноста забележале Летонија и Унгарија (по 1,5 проценти), потоа Естонија (0,9 проценти) и Шпанија (0,8 проценти).

Вработеноста, од друга страна, е намалена во Грција (0,8 проценти) и на Малта (0,4 проценти), а била стабилна во Германија, Франција, Италија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП