19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја повикуваат Грција на ‘сериозна иницијатива’

САД ја повикуваат Грција на ‘сериозна иницијатива’

grcija-eib

Вашингтон ја повика Грција да преземе сериозни иницијативи за пронаоѓање компромис со своите доверители и да го избегне паѓањето на светската економија во неизвесност.

Американскиот министер за финансии Џејкоб Ли телефонски разговарал во вторникот навечер со грчкиот премиер Алексис Ципрас и „ја нагласи итноста од сериозна грчка иницијатива за пронаоѓање прагматичен компромис со доверителите“, наведе американското министерство за финансии во соопштение.

Со седмици наназад грчките власти не успеваат да се договорат со доверителите (Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка) за економските реформи кои би овозможиле деблокирање на последната транша од актуелната програма за помош и договарање нов пакет, што е од витално значење за земјата.

„Неможноста да се постигне договор создава проблеми за Грција и општа несигурност за Европа и за светската економија“, додал Ли според споменатото соопштение.

Се претпоставува дека со ова американското министерство за финансии сака да изврши притисок врз Атина, додека ММФ ја повика Европската унија да донесе „тешки одлуки“ поради постигнување договор.

До крајот на јуни Грција мора да му врати на ММФ 1,6 милијарди евра, што без склучен договор со доверителите и ослободување на траншата од 7,2 милијарди евра, нема да може да го направи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП