6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас ги обвини доверителите дека сакаат да ја понижат Грција

Ципрас ги обвини доверителите дека сакаат да ја понижат Грција

cipras----

Меѓународните доверители сакаат да ја застрашат и понижат Грција, изјави во вторникот грчкиот премиер Алексис Ципрас, обвинувајќи ги Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за застој во се’ помачните преговори за избегнување на банкрот на државата.

„Доверителите сакаат да го понижат грчкиот народ“, рече Ципрас пред пратениците од својата левичарска партија Сириза.

„ММФ сноси казнена одговорност за денешната состојба во државата“, рече Ципрас, додавајќи дека ЕЦБ и ММФ се обидуваат „финансиски да ја задават Грција со инсистирање на „пропаднати идеи“.

Ципрас овие воинствени ставови ги изнесе во пресрет на пресудниот состанок на министрите за финасии на еврозоната во четврток на кој, како што многумина се надеваат, би требало да се постигне договор за низа реформи на кои инсистираат ЕЦБ и ММФ во замена за деблокирање на 7,2 милијарди евра за Грција како последен дел од досегашниот меѓународен заем.

Денешните настани оставаат малку мадежи за постигнување на договор за два дена во Луксембург.

„Не можам да кажам дали ќе се постигне договор. За жал нема многу ново што да се каже“, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП