19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОлеснет и поедноставен систем на добивање документи

Олеснет и поедноставен систем на добивање документи

ivce 44

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Управата за водење на матични книги, Силас Муслиоски, денеска информираа за напредокот на проектот за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност.

Ивановски најави дека од декември оваа година најголем дел од услугите што ги даваат институциите, граѓаните ќе можат да ги добиваат на еден шалтер.

„Целата хард опрема е пристигната, а Владата на седница ги одобри новите дваесет сервиси кои ќе овозможат размена на податоци помеѓу институциите. Со тоа граѓаните нема да имаат потреба да одат од еден на друг шалтер, односно од една до друга институција. Речиси 99 отсто од услугите тие ќе ги добиваат на еден шалтер“, рече  Ивановски.

Со проектот се опфатени повеќе институции меѓу кои Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Централен регистар, Агенцијата за катастар на недвижности, како и повеќе министерства.

Директорот на Управата за водење на матични книги, Силас Муслиоски, истакна дека во завршна фаза е воведување електронски матичен регистар. Со тоа ќе се овозможи слободен пристап на сите граѓани, кои на полесен и поедноставен начин ќе можат да ги извадат документите од Управата, како што се изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени. Со вака поднесеното барање документите ќе можат да се подигнат за час до час и половина, каде што има електронско водење на матичните книги.

Критериумите за избор на новите 20 сервиси се зачестеноста на нивното користење односно побарување од институциите, како и можноста за градење на услуги кон граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП