19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ печати пари - Во Германија растат цените

ЕЦБ печати пари – Во Германија растат цените

inflacija-germanija-inflacija-inflacijaaaa

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, забрза во месец мај со раст на потрошувачките цени од 0,7 проценти на годишно ниво, покажаа податоците во Берлин.

Индексот на потрошувачките цени во април порасна за 0,5 проценти на годишно ниво, наведува германскиот Завод за статистика, а пренесува агенцијата Франс прес.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој како мерило за инфлација го користи ЕЦБ, инфлацијата во Германија во мај исто така забрза за 0,7 проценти на годишно ниво и така остана доста под официјалната цел на ЕЦБ од близу два проценти.

Конечните податоци ги потврдија прелиминарните објавени претходно овој месец и покажуваат дека мерките од монетарната политика која ја иницираше ЕЦБ започнуваат да носат резултати и да поттикнуваат раст на инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП