4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУреден вториот дел на паркот „Македонија“

Уреден вториот дел на паркот „Македонија“

Image (83)

Во вторникот официјално беше пуштен во употреба уредениот парк „Македонија“ во Скопје.

„Екипи на Град Скопје го уредија и вториот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Станува збор за парк со зелена површина од околу 32 000 квадратни метри, којашто претходно беше запуштена и на која имаше тополи коишто беа стари и претставуваa опасност за минувачите и за рекреативците“, рече градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Во рамките на паркот е оформена и една трим патека со бела ризла и една асфалтирана патека со 48 клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. По должината на паркот се поставени и три летниковци, а во еден од нив се поставени и четири мермерни шаховски табли, коишто на граѓаните им овозможат да уживаат во него без разлика на временските услови и годишните времиња.

Во паркот има и содржини намените за децата, со детски реквизити направени од дрво, еко-реквизити во форма на замок, а на дел од трим патеката има и фитнес справи за вежбање.

Во вториот дел на паркот „Македонија“ е поставена и нова хидрантска мрежа со 192 прскалки со кои ќе се полева зеленилото во паркот, а наесен и напролет планирано е засадување на околу 800 садници, од кои околу 300 дрвја ќе бидат листопадни, а околу 500 зимзелени.

„За реализација на овој проект од буџетот на градот се издвоени околу 15 милиони денари“, истакна градоначалникот Трајановски.

На уредувањето на новата зелена површина работеа екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП