6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Грција нема да ѝ даде предлози за нови реформи на Еврогрупата

Варуфакис: Грција нема да ѝ даде предлози за нови реформи на Еврогрупата

Yanis Varoufakis

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави за германските весници дека не планира да претстави предлози за нови реформи на состанокот со неговите колеги од земјите членки на еврозоната подоцна седмицава.

Запрашан дали ќе претстави листа со реформи, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис одговори дека нема, „бидејќи Еврогрупата не е вистинското место за претставување на предлози за коишто претходно не се расправало и преговарало на пониско ниво“.

Во четврток во Луксембург се состанува Еврогрупата, што се смета за последна можноста за постигнување договор меѓу Грција и нејзините доверители околу условите за деблокирање на последната транша од сегашниот пакет за финансиска помош.

Меѓутоа, преговарачкиот тим на Атина е „достапен во кој и да е момент“ за изнаоѓање сеопфатно решение со своите партнери, вели Варуфакис и додава дека функционерите и трите институции кои ги претставуваат грчките доверители треба да се вратат на преговарачката маса „со јасен, силен мандат“.

Варуфакис во интервјуто за германскиот весник Bild го повторува повикот до канцеларката Ангела Меркел да покаже дека Европа е подготвена да стави крај на своите барања за спроведување поостри мерки за штедење во Грција.

Грција и нејзините доверители ги заострија своите ставови во понеделникот, откако најновиот круг преговори во Брисел беше прекината во неделата вечерта без да биде постигнат договор, бидејќи разговорите во текот на изминатиот викенд не успеаја да ги премостат големите разлики во ставовите меѓу двете страни за грчките реформи во замена за продолжување на финансиската помош.

Грција веќе со месеци преговара со своите кредитори за реформите неопходни за да ја добие ланскиот август запрената транша од 7,2 милијарди евра од актуелниот пакет меѓународна финансиска помош. Рокот за европскиот дел од финансиската помош истекува кон крајот на јуни, и доколку договорот не биде постигнат до тогаш, Атина би можела да ја загуби преостаната транша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП