6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа закрепнување на мускулите: Пилешко со домати и брокула

За закрепнување на мускулите: Пилешко со домати и брокула

boximage

Сакате да се храните како бодибилдерите? Вака изгледа нивниот ручек по тренингот…

Состојки:

– 1 шолја исецкани пилешки гради

– 1 шолја исецкани домати

– 1 шолја исецкана брокула

– 1 супена лажица маслиново масло

– зачини по вкус

Подготовка:

Загрејте ја тавата на среден оган. Додадете го маслиновото масло и пилешкото месо и зачините, па мешајте додека пилешкото да се испржи.

Кога пилешкото ќе биде на половина додадете ги и доматите, па по кратко време и брокулата. Мешајте и намалете ја температурата. Пржете додека пилешкото не биде готово.

Нутритивна вредност:

– Калории 466

– Масти 15 гр

– Јаглени хидрати 34 гр

– Влакна 9 гр

– Протеини 50 гр

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП