6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНестле ги уништува Маги нудлите вредни 50 милиони долари

Нестле ги уништува Маги нудлите вредни 50 милиони долари

_83394815_83394810

Швајцарскиот производител на прехрамбени производи, Нестле, има намера да уништи залихи на нудли од брендот Маги вредни над 50 милиони долари откако властите во Индија воведоа забрана за продажба бидејќи во нив откриле високо ниво на олово.

Дополнителни средства ќе мора да се потрошат на преглед на стоката во магацините, на доставата до местото на уништување и на самото уништување, соопшти компанијата, пренесува Би­Би­Си нјуз.

Индиската агенција за контрола на храната претходно ги прогласи макароните популарни во таа земја за опасни по здравјето и го обвини Нестле за кршење на правилата за безбедност на храната.

Властите на пет индиски земји нашле во тие производи зголемена содржина на олови, а државата на север Утар­Прадеш поднесе тужба до судот против Нестле. Судењето би требало да се одржи во јули.

Нестле покрива околу 80 отсто од индискиот пазар за инстант нудли. Компанијата не се сложува со обвинувањата на индиските власти и тврди дека макароните се во склад со сите барања.

Нестле поседува над 460 фабрики ширум светот. Портфолиото на компанијата ги вклучува брендовите Нестле, Нескафе, Киткет, Маги и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП