19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрограмата за штедење на Lufthansa e пред неуспех

Програмата за штедење на Lufthansa e пред неуспех

lufthanza-1410334709-565273

Најголемата германска авиокомпанија „Lufthansa“ не успева да ги постигне амбициозните цели со програмата за штедење „Score“ која беше лансирана пред три години.

Поради силните „против-ветрови“, на пример во однос на цените на горивото и приходите од билети, профитот пред даноци и такси (EBIT) за 2015-та година најверојатно ќе се зголеми за околу 800 милиони евра наместо досега предвидените 1,5 милијарди евра, тврди менаџерот на проектот Јерг Бајс за корпоративното списание „Lufthanseat“.

Од околу 7.500 започнати проект завршени се речиси 6.000 и донесоа ефект за штедење од околу 3,6 милијарди евра.

Кон крајот на 2015-та година треба да заврши програмата за штедење која беше формирана од претходниот извршен директор на „Lufthansa“, Кристоф Франц и мораше да изврши преглед на речиси сите процеси во целата групација. Меѓу другото пример ќе се редуцира и бројот на различните видови на авиони во групацијата.

Со програмата „Score“, Франц го започна најголемото реструктуирање во корпоративната историја. Програмата за намалување на трошоците требаше да придонесе само во 2013-та година со околу 740 милиони евра кон резултатот на концернот. Други 768 милиони евра требаше да бидат заштедени во 2014-та година, а уште 744 милиони евра во 2015-та година, пари кои треба да бидат вложени во модернизацијата на производните погони за да може да се одолее на силната арапска конкуренција. Но истовремено тоа се пари кои треба да бидат поштедени од платите на вработените. Програмата исто така предвидува и намалување на 3.500 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП