11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРастот на продажбата на H&M поголем од очекуваниот

Растот на продажбата на H&M поголем од очекуваниот

H&Mdadadase

Шведскиот моден гигант H&M во мај ја зголеми продажбата за 10 проценти, во однос на истиот месец минатата година, и тоа е поголема стапка од онаа која ја предвидуваа експертите, соопштија од компанијата.

Аналитичарите за мај оваа година во просек очекуваа раст на продажбата од 8,0 проценти, пренесува Ројтерс.

Истовремено, приходите на овој втор најголем светски производител и дистрибутер на облека, за периодот март-мај, кој е втор квартал во фискалната 2014-2015, изнесувале 45,9 милијарди круни (4,99 милијарди евра), додека во истиот период една година претходно изнесувале 37,8 милијарди круни.

Според мислењето на аналитичарите, очекуваните приходи за вториот квартал од фискалната година изнесувале 44,7 милијарди круни, се вели во соопштението.

Истиот извор потсетува дека главниот конкурент на H&M шпанскиот „Initex“, минатата недела ги обелоденил кварталните резултати, исто така подобри од очекуваните, најмногу благодарение на закрепнувањето на европската економија и депресијацијата на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП