25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДали „all inclusive“ патувањето се исплати?

Дали „all inclusive“ патувањето се исплати?

MX-CUN-ALLINC-FOTO-23371-760x350

Поскапите аранжмани за летување всушност можат да бидат и поевтини. Услугата „се вклучено“ не е подеднакво квалитетна во хотелите со три и оние со пет ѕвезди.

И покрај тоа што услугата „all inclusive“ е најскапа, тоа е всушност најевтиниот начин на кој можете да летувате со децата.

Концептот „all inclusive“ подразбира неограничена консумација на храна и пијалоци во текот на денот, а често се вклучени и многу други поволности. Најчесто, појадокот започнува рано наутро и трае до 10:30, за во 11 веќе да се служи ужинка.

nasira4-800x438

Ручекот почнува во 12 и трае до 16 часот. Потоа следува ужинка, голема количина на овошје и слатки покрај базенот, а во 18 часот веќе започнува вечера која трае до доцните часови. Концептот вклучува и неограничена количина на пијалоци и сладолед.

6809_8751342338_Starlight_Convention_Center_Thalasso_

Во цената се вклучени и активности како билјард (најчесто со претходна резервација), фитнес, фудбал, кошарка, како и кино, анимации, ноќно шоу и забава на плажа, ручек во висококвалитетен ресторан со претходна резервација. Пешкирите и лежалките за на плажа исто така се бесплатни, користењето на забавниот аква парк со тобогани, а во некои хотели, зависно од категоризацијата, бесплатно е и дополнувањето на мини барот во собата. Велнес програмата овозможува неколку нешта (сауна, базен, фитнес), но не се вклучени и масажите.

4714_32352332_Hotel_Paloma_Beach_Resort_4_stele____Fost_Papillon_Muna____Ultra_All_Inclusive

Допонително се наплаќаат увезените флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, видео игри, перењето алишта. А за и ова да биде бесплатно туристот треба да уплати „ultra all inclusive“

Не даваат сите хотели ист квалитет на услуги. Во врвните хотели пијалоците се служат во лименки и шишиња, а во некои соковите и водата се точат од автомат. Исто така, различен е и изборот на храната. Сето тоа зависи од категоризацијата на хотелот, колку повеќе ѕвезди има толку е побогата понудата, на пример во хотелот со 3 ѕвезди шведската маса не е толку богата и разновидна како во хотелот со 5 ѕвезди.

foto-destinace-turecko-turecka_riviera-236-original_5

Во многу хотели има и детски катчиња каде вашите деца ќе уживаат, а во некои не се плаќа ниту воспитувачот кој се грижи и анамира една група на деца. Затоа ваквиот вид на одмор со деца е одличен бидејќи нема да бидете принудени целодневно да се грижите за нив. За децата до осум години, а во некои хотели и до 12 години не се наплаќа, па така ќе биде потребно само да го платите превозот за детето, а доколку и во авион го држите во вашиот скут, повторно ќе избегнете трошок.

3434_4352257545_Hotel_Aydinbey_Gold_Dreams_5_stele____Ultra_All_Inclusive

Доколку веќе сте виделе некоја примамлива понуда, односно хотел кој ветува многу работи во својата понуда, а вие не сте сигурни и сакате сето тоа да го проверите, ви го препорачуваме Tripadvisor.com, каде што со пишувањето на името на хотелот и неговото место ќе откриете многу детали за изгледот на собите, услугата, храната, квалитетот на базените, плажата, гостопримливоста и многу други нешта прераскажани во искуства на туристи кои веќе биле во тој хотел. Тука ќе дознаете и неколку трикови кои претходните патници ги примениле, а и на вас ќе ви бидат од корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП