18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот на ЕЦБ Драги бара дополнителни напори во преговорите со Грција

Претседателот на ЕЦБ Драги бара дополнителни напори во преговорите со Грција

Dragi

Претседателот на Европската централна банка (ECB) Марио Драги апелирал за поголем напор во постигнувањето на договор помеѓу кредиторите и Атина, додека пак меѓународната бонитетна агенција Standard and Poor’s (S&P) тврди дека Грција нема да банкротира доколку не го плати долгот, пренесуваат светските агенции.

Драги смета дека потребно е Грција и нејзините кредитори брзо да постигнат одржлив договор за исплата на преостанатата кредитна помош за Атина, но предупредил дека „топката сега е во рацете на грчката влада“ и дека договорот за условите околу пуштањето на новата кредитна помош е исклучително политичка одлука која мора да ја донесат избраните претставници, а не централната банка, пренесува Capital.ba.

„Потребен е голем и кредибилен договор со Грција, кој не е само во интерес на грчкиот народ, туку и на целата еврозона“, изјавил Драги пред Комитетот на Европскиот парламентот за економски и монетарни прашања.

Грчките претставници порачуваат дека Грција е подготвена да се врати на преговорите со кредиторите, ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд, по нивниот колапс минатиот викенд.

„Чекаме нов повик од институциите и во секој момент сме подготвени за продолжување на преговорите“, соопштиле од канцеларијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Истовремено, американската бонинтетна агенција S&P соопштила дека нема да смета дека Грција банкротирала доколку на Европската централна банка не и ги отплати обврзниците вредни 6,7 милијарди евра, кои треба да ги плати во јули и август.

„Причина за ова е тоа што нашата оценка на рејтингот зависи од способноста на централната Влада и нејзината подготвеност да ги сервисира финансиските обврски кон комерцијалните кредитори, но ние сметаме дека ECB е еден официјален кредитор“, се наведува во соопштението на рејтинг агенцијата.

Иако S&P нема да го намали рејтингот на Грција на ниво „селективен банкрот“ во случај Атина да не го врати долгот кон ECB, агенцијата наведува дека сепак би можела да го намали рејтингот на ниво кое е под актуелниот CCC рејтинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП