10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранкот „ги јаде“ работните места

Франкот „ги јаде“ работните места

429171717557fc645bbf0d309058347_w640

Доколку франкот и понатака се одржува на високо ниво во однос на еврото (1,05 франци за евро) во Швајцарија би можеле да бидат угасени околу 30.000 работни места.

Тоа го изјави претседателот на швајцарското Здружение на работодавци, Валентин Вогт а неговата констатација следеше четири дена откако швајцарската централна банка ги објави проценките за економската и монетарната ситуација во земјата, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

Стапката на невработеност во оваа земја, според проценките на централната банка, би можела да скокне на четири проценти од работоспособното население до крајот на 2015 година, што е полоша прогноза од онаа која ја даде Државниот секретаријат за економија (SECO).

Од Здруженијата на работодавците истакнуваат дека нивната прогноза за гаснење на околу 30 илјади работни места поради силниот франк се базира на фактот дека нарачките во многубројни претпријатија од почетокот на годината опаднале меѓу 10 и 15 проценти.

Исто така, швајцарскиот извоз во април оваа година е намален за 5,1 проценти на годишно ниво, на 16,3 милијарди франци, за што новата политика на централната банка според курсот на националата валута, придонесе со минус 3,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП