20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија дополнително ги снижи клучните каматни стапки

Русија дополнително ги снижи клучните каматни стапки

banka-rusija-centralna

Руската централна банка дополнително во понеделникот ги снижи клучните каматни стапки за еден отстотен поен, на 11,5 отсто, за да ја поттикне економијата погодена од западните санции и пониските цени на нафтата.

Ова е четврто намалување на каматните стапки годинава, откако централната банка кон крајот на минатата година драматично ги зголеми на 17 отсто за да сопре остар пад на вредноста на рубљата.

Банката најновото намалување го образложи со „тврдокорните ризици од значително забавување на економијата“, предвидувајќи дека БДП-то оваа година ќе се намали 3,5 отсто.

Стравувањето од наглото јакнење на инфлацијата стивна, констатира централната банка, а во изминатите месеци постепено се намалуваа каматите за да живне економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП