3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтените пазари стабилни, цената под 64 долари

Нафтените пазари стабилни, цената под 64 долари

nafta 02

Цената на нафтата денеска се стабилизираше на светските берзи под 64 долари, откако невреме ја зголеми загриженоста за американското производство во Мексиканскиот залив, а преговорите во Женева понудија можност за мир во Јемен.

На лондонскиот пазар цената на барел сирова нафта остана непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 63,87 долари. Значителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар каде со барел се тргува по 59,8 долари.

Тропска олуја во јужниот дел од Мексиканскиот залив би можела во наредните 48 часа да се развие во циклон и да го загрози производството на нафта во овој регион, објави американскиот Национален центар за урагани.

Цената на нафтата во Лондон се спушти од највисокото минатонеделно ниво од 66 долари за барел и се чини дека утврди распон помеѓу 60 и 65 долари, констатира Карстен Фрич, аналитичар во франкфуртска Commerzbank.

„Прилично  е изгледно дека во оваа недела ќе ја тестираме долната граница на овој распон“, оценува Фрич. „Пазарот е прекумерно снабден, а производството и натаму расте, иако бавно, па цената на нафтата би требало да остане под притисок, образложува аналитичарот.

Воздухоплови на коалицијата предводена од Саудиска Арабија го бомбардираа во текот на ноќта главниот град на Јемен, изјави очевидец за агенцијата Reuters. Завојуваните страни во текот на денот треба да започнат преговори во Женева за политичко решение на судирите. Домаќин на преговорите е генералниот секретар на ОН Бан-Ки Мун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП