7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините поскапуваат до 1,5, дизелот поевтинува 0,5 денари

Бензините поскапуваат до 1,5, дизелот поевтинува 0,5 денари

benzinite

Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за еден, односно 1,5 денари по литар, додека цената на литар дизел се намалува за половина денар.

Ваква одлука денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на регулаторите, литар еуросупер БС-95 поскапува за 1,00 денар, со што новата цена изнесува 71,50, додека литар еуросупер БС-95 поскапува за 1,5 денари на 73,50 денари.

Малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа цената на еуродизелот изнесува 56,50 ден/лит, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,053 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,816 ден/кг.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период и е за 1,61% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период е за 1,214 % повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 3,35% или за 22,300 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,66% или 15,475 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,32% или за околу 1,063 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП