15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг во ЕУ варира од два до 81 процент

Јавниот долг во ЕУ варира од два до 81 процент

Germany Europe Union Nobel Peace Prize

Обемот на јавниот долг во рацете на нерезидентите во земјите на Европската унија минатата година варирал од дури 81 процент во Финска до само два проценти во Луксембург.

Покрај Финска, земји чии државни должнички хартии во голем дел се во рацете на нерезиденти се Летонија (80 проценти), Австрија (76 проценти) и Литванија (73 проценти), наведува европскиот завод за статистика, Еуростат.

Од друга страна домашниот финансиски сектор го држи најголемиот дел од јавниот долг во Луксембург (98 проценти), Романија (74 проценти) и Чешка (63 проценти), се наведува во соопштението на Еуростат.

Меѓу земјите на ЕУ за кои се достапни податоци од 2014 година, Шведска е земја со највисоко ниво на јавен долг кој за наплата доспева во период пократок од една година (29 проценти од вкупниот долг), а следи Бугарија со 21 процент, наведува Евростат.

На спротивната страна од скалата, со највисоко ниво на долгорочни државни обврзници се Полска, Естонија и Словачка.

Јавниот долг во повеќето членки на ЕУ се финансира главно со емисијата на обврзници, кои минатата година биле главен финансиски инструмент во сите земји на Унијата освен Естонија, Грчка и Кипар, каде кредитите чинеле 87, 77 и 65 проценти од јавниот долг, респективно.

Најголем обем на обврзници емитувале Малта (92 процнети), Чешка (89 проценти) и Британија (89 проценти), наведува Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП