2 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel ги откри цените на новата Astra

Opel ги откри цените на новата Astra

astra 330

Само една недела откако ја претстави новата генерација на „Astra“, компанијата „Opel“ ги откри цените на својот бестселер. Моделот, кој веќе е достапен за нарачки во Германија, има почетна цена од 17.960 евра.

Износот се однесува на основната бензинска верзија која од „Opel“ ја истакнуваат како најдобрата по економичност во сегментот. Предметниот модел користи 1,0-литарски мотор со три цилиндри, кој во случајот е поставен да генерира 105 КС. Во верзија со стандардната рачна кутија со 5 брзини автомобилот просечно троши само 4,3 л/100 км (99 g/km CO2 емисии), а при опционалниот автоматски менувач потрошувачката е 0,1 литри помала – 4,2 л/100 км под 96 g/km штетни CO2 емисии.

Дури поекономичен е и најверојатно од подинамичниот моделот со новиот „дизел“. Почетната цена во Германија е од 20.260 евра, или за 650 евра помалку од сегашната. Моторот е со зафатнина од 1,6 литри нуди максимална моќност од 95 КС и има просечна потрошувачка од 3,4 л/100 км, а ќе биде достапна и во верзија со 136 КС.

При пазарната премиера, моделот ќе се нуди со бензински и дизел мотори со моќност од 95 до 150 КС. Повеќе детали за нив ќе бидат објавени за време на јавната премиера во Франкфурт.

Меѓу опциите на последната генерација „Astra“ присуствуваат и новите и уникатни сегменти со матрични фаровите „IntelliLux LED“ кои во Германија чинат 1150 евра. За 390 евра може да се нарачаат ортопедски седишта, а листата со предлози вклучува уште инфо-систем „IntelliLink“, предна камера „Opel Eye“ систем за следење на лентата на движење и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП