25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro го продава синџирот стоковни куќи Kaufhof

Metro го продава синџирот стоковни куќи Kaufhof

Image (78)

Германскиот малопродажен гигант Metro објави во понеделникот дека се согласил да го продаде синџирот стоковни куќи Kaufhof на канадската групација Hudson Bay, за 2,825 милијарди евра, односно 3,2 милијарди долари.

„Metro денеска потпиша договор со Hudson Bay Company за продажба на Galeriа Kaufhof, што вклучува стоковни куќи во Германија (Galeria Kaufhof) и во Белгија (Galeria Inno), како соодветен портфељ со недвижнини“, објави германската компанија.

„Куповната цена изнесува 2,825 милијарди евра. Со оваа трансакција Metro очекува позитивен паричен прилив од околу 1,6 милијарди евра, како и дека значително ќе биде намален нето долгот, за околу 2,7 милијарди евра“, се истакнува во соопштението.

Од Metro, исто така, соопштија дека од трансакцијата очекуваат позитивен ефект на оперативната добивка „во регионот од околу 700 милиони евра“, Трансакцијата треба да биде заклучена до крајот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП