23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИHTC не се интересира за спојување со Asustek

HTC не се интересира за спојување со Asustek

AH-Asus-HTC-logo

Тајванската компанија „HTC Corp“ нема да ја разгледува можноста за спојување со конкурентот „Asustek Computer Inc“, објавија од „HTC“ во одговор на коментарите, направени од страна на шефот на „Asustek“, пренесува „Ројтерс“.

„„HTC“ нема никаков контакт со „Asus“ по ова прашање и нема да размислува за спојување со „Asus““, посочуваат од компанијата на својата интернет страна.

Претседателот на „Asus“, Џони Ших минатата недела изјави дека неговата компанија не ја исклучува можноста за стекнување на производителот на смартфони. Главниот финансиски директор подоцна коментираше за „Ројтерс“ дека Ших зборувал за темата внатре во самата компанија.

Потоа „Asus“ појасни дека нема тековни инвестициони планови за „HTC“.

Од своја страна „HTC“ претрпе остар пад во цената на акциите откако намали прогнозата за добивка за тековниот квартал. Благодарение на шпекулациите за зделката акциите поскапеа за 10 проценти.

Компанијата која некогаш продаваше еден на секои десет смартфони во светот, сега се бори со намалувањето на уделот на пазарот поради силната конкуренција од страна на „Apple“ и „Samsung Electronics“.

„Asus“ пак е подобро познат како бренд за лаптопи. Според неодамнешниот извештај на „HSBC“, „Asus“ ужива 89% раст на продажбата на паметни телефони во 2015-та година – најголем раст меѓу главните играчи на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП