
Машката ракометна репрезентација на Македонија противниците против кои ќе игра на ЕП во Полска ќе ги чека од третиот барабан, соопшти организаторот.


Машката ракометна репрезентација на Македонија противниците против кои ќе игра на ЕП во Полска ќе ги чека од третиот барабан, соопшти организаторот.
Покрај Македонија, во третиот барабан се наоѓаат и селекциите на Русија, Германија и Белорусија и со нив избраниците на Ивица Обрван нема да можат да играат во првата фаза.
Групите за ЕП ќе бидат извлечени на 19-ти јуни во Краков, а континеталното ракометно првенство ќе се одржи од 15-ти до 31-ви јануари 2016-та година.
Состав на барабаните:
1. Франција, Данска, Шпанија, Хрватска
2. Исланд, Полска, Шведска, Унгарија
3. Русија, Македонија, Германија, Белорусија
4. Србија, Црна Гора, Норвешка, Словенија.