17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна потрагата по најдобриот спа центар

Започна потрагата по најдобриот спа центар

spanominacii343

Со претставување на номинираните хотели и спа центри, започнаа Балканските спа награди (Balkan Spa Awards). Во трката за извор на најдобрите спа локации учествуваат објекти од Македонија, Турција, Романија, Грција, Србија, Бугарија, Косово, и Албанија. Од нашата земја се натпреваруваат вкупно 7 објекти што ги нудат овие услуги, Хотел Русија, Стоун Бриџ, Дебарски бањи, Катлановска бања, спа центар Блус, Силуете, Аурора, Александар Вила, Тренд лајн и Пирин.

Изборот на најуспешните се врши во категориите: спа дестинација, спа хотел – зимен/летен ресорт, спа центар, спа изградба и опрема, медикал спа, спа менаџер, спа продукт и спа инвестиција.

Изборот на најдобриот спа центар е во организација на Меѓународната организација Spa Nominations.

timthumb

„Спа наградите и воопшто влегувањето во самата листа со номинации е исклучително значајно за овие центри, затоа што тие веќе се в листени во нашата мрежа и со тоа по автоматизам добиваат меѓународна афирмација, популаризација и отворање на многу дополнителни можности за зголемување на стандардите и доведување до степен на виртуозност на ова хедонистичко искуство, што во извесни земји веќе стана потреба, па дури и лек. Всушност тоа и е целта на нашата организација и оваа иницијатива“, изјави Николај Диковски, Претседател на Спа номинации.

На настанот беа преставени сите номинирани објекти од осумте балкански држави од кои ќе бидат изберени финалните номинации за добитници на наградите. Изборот кој ќе се одржи во септември, повторно во Скопје го врши меѓународно жири составено од експерти од 8те балкански држави а Претседател е д-р Силвија Паскалева.

11412212_10204846862792454_4191945365643254943_n

Balkan Spa Awards е патентирана марка која има за цел да ги зајакнува капацитетите на Спа индустријата од Балканскиот регион, в мрежување на инвеститорите, подигање на капацитетите на професионалните структури во секторот и да го унапредува и промовира разбирањето на културата за користење на спа услуги од корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП