8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработени вкупно 323 волонтери во Градската болница „8-ми Септември“

Вработени вкупно 323 волонтери во Градската болница „8-ми Септември“

Image (75)

Вкупно 323 волонтери од Градската општа болница „8 Септември“ во недела добија решенија за редовно вработување. Освен на лекари и медицински сестри, статусот им е решен и на лаборанти, физиотерапевти, болничари и хигиеничари.

Решенијата опфаќаат три групи волонтери – во првата се вкупно 113 и ним редовниот работен однос ќе им почне од идниот понеделник, 20 јуни, во втората се уште толку, но тие стартуваат со договорите на 1 декември годинава, додека во третата се 97 и тие како редовно вработени почнуваат од 1 септември 2016 година, пренесува МИА.

„Изминатите години дадовте голем придонес во работата на Болницата. Како волонтери, со минимален финансиски надомест, а некои и со догови на дело, во состојба на финансиската несигурност и неизвесна иднина во кариерата, работевте вредно, истрајно и со голем ентузијазам. Сосема заслужено денеска добивате значајно признание за вашата посветеност“, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП