25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Грција нема да потпише план кој не може да се оствари

Варуфакис: Грција нема да потпише план кој не може да се оствари

varufakissskis

Грција нема да потпише договор со меѓународните доверители, кој ќе содржи нереални финансиски обврски, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во разговорот за телевизијата Alpha во неделата.

„Воопшто не станува збор дека ние ќе потпишеме договор со буџетски план кој не е изводлив“, рече Варуфакис.

Говорејќи за разликите меѓу Атина и нејзините странски кредитори за примарниот буџетски суфицит, грчкиот министер за финансии додаде дека примарниот суфицит меѓу 1,2 и 1,5 отсто бил остварлив во март годинава, меѓутоа оти во моментов тоа не можно.

Истакна дека техничките дискусии треба да доведат до полесно, но неопходно и политичко решение. „Компромисот меѓу двете страни, технички е лесно остварлив, но за да биде дејствувачки, неопходна е и политичка волја“, порача Варуфакис.

Министерот потенцираше дека грчката страна направила многу компромиси. Варуфакис притоа ја оцени грчката должничка криза како европски проблем, која затоа мора да биде решена во европски рамки. Потврди и дека во четврток ќе учествува на состанокот на Еврогрупата, односно телото на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната.

Варуфакис повторно ги демантираше шпекулациите за неговото отстранување во работата на Еврогрупата нарекувајќи го „обид да се поткопаат напорите на владата“. „Преговорите не се тема на еден човек, левите работат заедно“, истакна министерот кој доаѓа од редовите на владејачката коалиција на радикалната левица Сириза.

Запрашан за можноста од предвремени парламентарни избори, Варуфакис одговори дека „Би претставувало голема грешка, доколку одиме на избори или референдум, бидејќи ние само што го добивме мандатот од народот“ на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари, рече министерот.

Во прилогот на телевизијата се истакнува дека грчката страна во новата рунда разговори, којашто ќе започне подоцна во неделата, ќе биде претставен сетот мерки кои треба да заштедат во буџетот на земјата околу 4 милијарди евра, додека доверителите бараат кастрења кои ќе овозможат вишок од 5,8 милијарди евра.

Меѓутоа, другите грчки медиуми во неделата предупредија дека учеството на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, ќе зависат во прв ред од оцените што за грчките предлози предадени во саботата ќе ги даде Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП