12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна 50-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински

Започна 50-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински

vojdanco

Започна 50-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Фестивалот започна со македонската химна, а веднаш потоа следуваше читање на Повелбата –  признание кое Претседателот Ѓорге Иванов му го додели на јубилејниот фестивал.

Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ претставуваше голема театарска сцена на која актерите од македонските театри пееа и  изведоа  делови од текстови на патронот – Војдан Чернодрински. Режисер на овој заеднички перформанс кој траеше околу два часа беше познатиот режисер Дејан Пројковски. Во официјалниот дел на фестивалската програма и во трката за награди се 13 претстави на македонските професионални театри.

Фестивалот ќе трае од 12 до 19 јуни. Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски и театрологот Јелена Лужина. Фестивалската програма започна вчера со претставата на МНТ „Електра“, која поради спецификата, публиката ја гледаше во Скопје на нејзината матична сцена. На 16 јуни публиката ќе патува во новиот театар во Велес за да ја проследи претставата „Приказни од шестиот кат“.

Во присуство на Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и Градоначалникот Марјан Ристески беше пуштена во употреба и реконструираната сала во ЦК „Марко Цепенков“, а воедно ја проследија и изложбата „Древности“ од Александар Станкоски која се оддржа во ликовна галерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП