15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарскиот економски раст 0,4 проценти во 2015

Швајцарскиот економски раст 0,4 проценти во 2015

shvajcarija53v454gr

Фазата на рецесија преку која поминува швајцарската економија, со очекуван пад на бруто домашниот производ (БДП) два квартали по ред оваа година, ќе биде надокнадена со растот во втората половина од 2015, па така, стапката на раст за цела година ќе изнесува 0,4 проценти, предвидува швајцарскиот истражувачки институт КОФ.

Овој институт во март објави прогноза според која БДП во 2015 година би требало да порасне за 0,2 проценти, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

Како што се наведува во соопштението, новата прогноза се базира на фактот дека меѓународното опкружување од март оваа година се подобри, особено во Европската унија, која е главен трговски партнер на Швајцарија, додека во останатите региони ситуацијата е помалку поволна.

Паралелно, Швајцарија ќе продолжи да ги трпи ефектите од одлуката на централната банка од средината на јануари за напуштањето на контролата врз франкот во однос на еврото, наведуваат експертите на овој институт.

Како резултат на тоа, производството ќе продолжи со падот и во вториот квартал во однос на истиот период минатата година, оценуваат аналитичарите од КОФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП