Светскиот гигант во производството на безалкохолни пијалоци, во Франција ќе лансира лимитирана серија од 800 милиони персонализирани лименки Кока-Кола.
Во желбата за што повеќе да ги освои потрошувачите, компанијата за клиентите во Франција припреми лименки со 150-те најчести француски имиња, пишува францускиот весник Експрес.
Производителот предвидел ограничена серија од 800 милиони лименки Кока-Кола класик, лајт и Зеро. Овие оргинални лименки ќе бидат дистрибуирани во супермаркетите и продавниците, како и во баровите и рестораните. Акцијата ќе започне во мај и ќе трае два до три месеци.
Групата веќе го тестираше овој тип на кампања, минатото лето, во Австралија, каде оствари голем успех. Потрошувачите во таа земја можеа да ги купуваат единствените лименки, бирајќи едно од 50-те имиња втиснати на амбалажата.